Solunski Patrdii 1 Del - Epizoda 1

  • 2 months ago
Солунски патрдии 1 (1986) - Прва епизода

Солунски патрдии е телевизиска серија снимена во 1985 година во продукција на ТВ Скопје.

Серијата е снимена според истоимената драма на Миле Попоски, во режија на Коле Ангеловски која пак е напишана според делото на Марин Држиќ, Дундо Марое.

Дејството се одвива во Солун. Серијата ги прикажува случките на Цанде, син на прилепскиот аџија, кој го мами својот татко и му зема 3000 алтани за трговија. Истиот парите ги користи за подароци и сладок живот кај љубовницата Фатиме. Заплетот се случува кога во Солун доаѓаат неговиот татко, Аџи Јанкула и слугата Секула да го бараат Цанде. Аџи Јанкула се здружува со Итар Пејо слуга на Јашар бег кој копнее по љубовницата на Цанде - Фатиме.

Учествуваат: Благоја Спиркоски - Џумерко, Димче Мешковски, Трајче Ивановски, Гоце Тодоровски, Ванчо Петрушевски, Снежана Стамеска, Сабина Ајрула, Владимир Ангеловски, Марин Бабиќ, Мите Грозданов, Тодорка Кондова - Зафировска, Салаетин Билал, Соња Здравкова, Рамадан Мамут, Лиле Вељанова, Наџи Шабан, Кица Ивковска, Мукерем Билал, Светлана Василевска, Весна Стојановска, Весна Гичевска, Лидија Блажевска, Верица Цветковиќ, Стефи Талевска.

#makedonija #comedy #komedija #Solunski #Patrdii #SolunskiPatrdii

Recommended