Србакоски се соочува со затворска казна за ширење на говор на омраза (1)
  • 8 months ago
Србакоски се соочува со затворска казна за ширење на говор на омраза
Детската амбасада МЕЃАШИ вчера, 20.8.2023 упати писмено барање до Министерството за внатрешни работи со цел да се заштити активистот Зоран Мијалков а сторителот да се казни согласно Законот.
За жал ова не е првпат Зоран Мијалков да е цел на напади, но овојпат овие пораки не го погодуваат само него лично како родител туку и сите родители на деца со атипичен развој.
Многу луѓе реагираа на социјалните мрежи но сметаме дека за да се спроведува правдата мора да се обраќаме пред сѐ до надлежните служби, и тоа што повеќе граѓани/ки , со цел да направиме притисок. Сторителот треба да се казни и конечно да го отстраниме феноменот на неказнивост бидејќи говорот на омраза е честа појава на социјалните мрежи. Жртвите немаат доверба во системот и доколку ова остане неказнето, само ќе се поткрепи сѐ почестата појава на говор на омраза а истата потоа поттикнува насилство и дела од омраза, за жал.
Recommended