Владата одлучи од 1 септември учениците да се вратат во училиштата (1)

  • 3 years ago
Министерката за образование Мила Царовска објаснува дека наставата ќе се одвива според досегашните протоколи, а доколку некое од децата се заболи со Ковид 19, епидемиолошка служба ќе одлучува дали целото одделение ќе оди во изолација. Царовска истакна дека сепак ќе има и исклучоци...

„Лани се работеше од 1 до 3то и немавме инциденти во интерено ширење на вирусот. Во интерес на ученикот, кризниот штаб одлучи, очекувам на Влада да се потврди и да почнеме учебна година со физичко сепак, има исклучоци со хронични болести, ќе имаат ослободување. Децата во изолација онлајн ќе следат. “ изјави Мила Царовска, министер за образование

Децата главно радосни што повторно ќе седнат во училишните клупи, покажува истражувањето на МЕЃАШИ, во кое учениците дале низа критики за онлајн наставата. Многу малку работи им биле интересни, а не научиле многу...

„5% од учениците биле целосно исклучени од можност да се вклучени, немале пристап до компјутери, што загрижува. 1/3 делат компјутер со некој од семејство, а 48% имаат свој личен компјутер. / 68% кажале дека се помалку поврзани со другарите и тешко можат да склопат пријателство и тоа предизвкува осаменост. 65% им недостига училиште и поголема слобода.“ истакна Драги Змијанац, МЕЃАШИ

Сепак МОН е подготвено за три сценарија, и тие ќе се менуваат во зависност од епидемиолошката состојба. Околу 60% од образовниот кадар е вакциниран. Царовска е задоволна, но очекува зголемен процент во наредниот период.

Recommended